април 27, 2015

Апел за помош на настраданото население погодено од катастрофалниот земјотресот во Непал

Силниот катастрофален земјотрес од 7,9 степени според Рихтеровата скала кој на 25 април 2015 година го погоди Непал предизвика големи материјални штети и човечки загуби. Според првичните известувања на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Непал загинаа над 2.500 лица, од кои над 634 лица во главниот град Катманду. Бројот на жртвите се зголемува и се очекува истиот да се зголеми значително. Повеќе од 5.000 куќи се разрушени, направени се големи оштетувања на инфраструктурата.

Црвениот крст на Република Македонија се приклучува кон прелиминарниот Апел објавен од страна на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина за помош на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Непал во висина од 33.480.000 ЦХФ. Со оваа помош Националното друштво на Непал ќе биде помогнато да обезбеди помош и поддршка на 75.000 лица (15.000 семејства). Помошта е насочена кон интервентна потреба од здравствена и социјална грижа, интервентна потреба за сместување, поврзување на раздвоени семејства, институционална подготвеност на националното друштво и заедниците и намалување на ризиците. Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина првично интервенираше со помош во висина од 500.000 ЦХФ.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на:

  • Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Непал,
  • Како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 40

Средствата можат да се донираат до 15 мај 2015 година и истите ќе бидат префрлени на Меѓународната федерација, за настраданото население во Непал.

apel

< врати се назад