Red Cross Shape
1 октомври – Меѓународен ден на старите лица

2018-09-28

1 октомври – Меѓународен ден на старите лица

Црвениот крст на Република Македонија и оваа година се вклучува во одбележување на 1октомври – Меѓународен ден на старите лица. Овој ден е назначен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации на 14 декември 1990 година.  

Официјалните податоци говорат дека речиси 700 милиони луѓе се на возраст над 60 години. До 2050 година, 2 милијарди луѓе, над 20 % од светското население, ќе бидат на возраст на 60 години или постари. Имајќи го ова предвид, јасно е потребно зголемено внимание на посебните потреби и предизвици со кои се соочуваат многу постари лица. Меѓутоа, исто толку важен е и суштинскиот придонес што поголемиот дел од постарите мажи и жени може да продолжат да го прават за функционирање на општеството, доколку се воспоставени соодветни гаранции. Во овој поглед човековите права ја сочинуваат суштината на сите напори.

Оваа година Обединетите нации, Меѓународниот ден на старите лица го одбележува во знакот на прославувањето на важноста  на 70 годишнината од Универзалната декларација за човекови права и ја потврдува посветеноста кон промовирање на целосното и еднакво уживање на сите човекови права и фундаментална слобода на старите лица. Порастот на старите лица не го намалува вроденото достоинство на човекот и основните права.

Речиси 40 години по усвојувањето на декларацијата, прашањата за човековите права за старите лица беа опфатени во 1991 година во формулирањето на принципите на Обединетите нации за старите лица, кои обезбедија насоки во областите на независност, учество, грижа, самореализација и достоинство. Деценија подоцна, Мадридскиот Меѓународен акционен план за стареење (MIPAA), усвоен во 2002 година, овозможи за првпат владите да се согласат да ги поврзат прашањата на стареење со другите рамки за социјален и економски развој и човекови права. Меѓусебната зависност помеѓу социјалната интеграција на постарите лица и целосното уживање на нивните човекови права не може да се игнорира, бидејќи степенот до кој постарите лица се социјално интегрирани директно ќе влијае на нивното достоинство и квалитетот на животот.

Темата за одбележувањето на овој ден има за цел:

Промовирање на правата загарантирани во Декларацијата, и што тоа значи во секојдневниот живот на старите лица;
Подигнување на видливоста на старите лица како учеснички членови  на општеството во посветеноста во подобрување на остварување на човековите права во многу области на животот, а не само на оние кои веднаш ги засегаат;
Влијание на напредокот и предизвиците во обезбедување целосно и еднакво остварување на човековите права и слободи на старите лица; и
Вклучување на  широката јавност низ светот и мобилизирање на луѓето за човековите права во сите фази од животот.

Црвениот крст на РМ како член на Националното координативно тело за следење и евалуација на  имплементацијата на Националната Стратегија за стари лица, која е изработена во согласност и со Мадридскиот меѓународен акционен план за стареење, активно се вклучува и дава придонес во севкупните напори кои ги преземаат надлежните  институции во остварување на правата, неопходната грижа и заштита на старите лица во Македонија.

По повод одбележување на Меѓународниот ден на старите лица, преку Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст ќе бидат организирани едукативни работилници на теми од интерес на постарите граѓани, креативни, рекреативни и други соодветни активности поврзани со активното стареење, како и активности за поддршка и грижа на старите лица.

На 1 октомври 2018 година во Дневниот центар за стари лица на Црвениот крст на град Скопје ќе се одржи едукативна работилница членките на центарот. Работилницата е дел од циклус на едукативни работилници кои се одржуваат во 15 града во земјата со цел да се поттикнат постарите лица на локално ниво да развијат вештини, да стекнат знаења и да најдат мотивација за борба против социјалната исклученост и изолација и да учествуваат во културните, политичките и социјалните активности во нивните локални заедници, но исто така да се залагаат за различни прашања релевантни за  подобрување на нивниот квалитет на живот. Едукациите се спроведуваат во рамки на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ кој Црвениот крст на РМ во заедничко партнерство со здружението Хуманост го имплементира трета година во Македонија. Проектот е финансиран од Европската Унија, со поддршка на Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој.

Други вести

Среќен 8 Март!
Недела на борба против ракот
Исплата на хуманитарна помош – финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom