10 години соработка – грижата за другите хуманоста на дело
Денес, на 11-ти септември 2019 година, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, го одбележа Американскиот национален ден на служба и сеќавање на жртвите (11 септември) преку крводарителска и собирна акција во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина каде присуствуваа генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, г-дин Саит Саити, амбасадорката на Соединетите Американски Држави, г-ѓа Кејт Брнс, претставник од Институтот за трансфузиона медицина, пратеници, министри, верски заедници и волонтери.
Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, г-дин Саит Саити во своето обраќање истакна дека почетоците на оваа соработка беа во 2009 година поврзани со американскиот национален ден за служба и сеќавање на жртвите од 11 септември, настан кој ја помести глобалната перцепција за страдањето.
Изминативе години станавме препознаени во заедницата како пример за индивидуална и општествена одговорност во нашата држава, затоа што прераснавме во настан кој е масовно поддржан од голем број наши пријатели, соработници, донатори.
10 години соработка го одбележа градењето на пријателства , грижата за другите ,хуманоста на дело .Низ годините научивме повеќе едни за други, ги прифативме различностите,поставивме цврсти темели кои низ времето ги надградивме. Потребно е да продолжиме да се подобруваме за да се прилагодиме на светот кој постојано и брзо се менува
Чувството дека помагаш и даваш поддршка и си близу до оние на кои им е потребна помош,сите не прави поголеми личности. Токму такви личности се 2200 крводарители кои изминативе 10 години на овие акции дарувале крв. Длабока почит и благодарност до сите донатори со чија поддршка од 12 тони храна и 250 000,00 денари беа направени 1880 пакети со прехранбени производи со кои директно се помогнати 7520 лица.