мај 2, 2018

10-та регионална конференција на Црвен крст и Црвена Полумесечина во Казахстан

Од 02 до 04 Мај се оддржува 10-та регионална Конференција на Црвен крст и Црвена Полумесечина, организирана во Алмати, Казахстан од страна на казахстанска Црвена Полумесечина. На истата се присутни претставници на 53 Национални друштва од Европа и Централна Азија меѓу  кои и Црвен крст на Република Македонија.  

Целта на конференцијата е изнаоѓање на решенија за проблемите кои се заеднички во регионот на полето на хуманитарната помош и социјалната грижа,  преку изнаоѓање на начини за поттикнување на индивудуални и колективни доприноси на Националните друштва во Европа и Централна Азија .

Концептот на  главната тема е развиен преку три под теми и тоа оддржливост преку зајакнување на локалните капацитети и подобрување на комуникацијата;  координацијата и соработката на Друштвата во Европа и Централна Азија; и соработка во делот на миграцијата преку развивање на Стратегија на миграција за регионот со цел создавање на неутрален хуманитарен простор, во кој ќе се зајакне социјална издржливост и инклузија.

 

< врати се назад