јуни 14, 2020
14 Jуни – Светски ден на крводарителството
На 14 јуни традиционално ширум светот се одбележува Светскиот ден на крводарителството. Настаните кои се организираат имаат за цел да ја зголемат колективната и индивидуалната свест за неопходноста од безбедна крв и крвни продукти.
Воедно на овој ден се настојува да се насочи вниманието кон луѓето – крводарители кои својата хуманост ја изразуваат дарувајќи крв волонтерски.
Овие луѓе се вистински модерни херои. Нивниот придонес останува клучна алатка во спасување животи на светско ниво.