Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
#14CKAPHV

2021-04-26

#14CKAPHV

На 22 април се оддржа четрнаесеттата ЦКА-ПХВ онлајн работилница со наслов „Човечкиот импакт врз животна средина “. Истата беше реализирана од ПХВ инструкторот Арџина Нагавци

 

Преку работилницата учесниците се запознаа се позитивниот и негативниот човечкиот импакт врз животна средина како и начини да се намали негативното влијание. Учесниците пројавија голем интерес за темата и даваа свои коментари и забелешки. 

 

Учествуваа 110 учесници, волонтери од различни ООЦК. Од присутните кои ги пополнија евалуациите, 95% се изјаснија дека работилницата е многу корисна, 94% дека е интерактивна, и 94% се изјаснија дека работилницата е интересна. Сите, односно 100% би ја препорачале работилницата на своите врсници.

 

Некои од коментарите се:

“ Премногу едукативно, многу позитива, предобро “

“ Навистина одлична работилница, многу интерактивна”

“ Одлична работилница!”

 

 

Продолжуваме заедно!

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025