151 ПХВ проект
Во ова време кога младите се на мета на критики и кога сите зборуваат за младина која нема иницијатива, која е цело време на социјални медиуми заглавена во агресивни игрици и алатки за ретуширање на изгледот, ПХВ програма за млади на Црвен крст бележи одлични резултати.
Од истите тие млади оваа година, во период од 2 месеци беа изработени мал проект за добробит на заедница. Младите правеле истражување во својата заедница, вложиле волонтерски часови, ја смениле својата дневна рутина, работеле во тим, реализирале низа активности за да соберат средства за реализација на нивните проекти преку кои помогнале на повеќе од 3.000 лица во државата.
Дел од проектите беа за промоција на култура, еколошки проекти, дел од проектите се наменети за животни на улица, а добар дел на проектите се наменети за социјално ранливи лица, стари лица, самохрани родители, нивни соученици…Опфатени се и институции како болниците во кои се направени реновирања на детските оддели, центри за лица со посебни потреби, изградени се рампи, санирани се куќи, релизирани се многу креативни работилници…и што сѐ не.
Со секоја една активност, им помагаме на младите да излезаат од својата сигурна зона и да станат проактивни. Да ги истражат своите капацитети и можности и ги учиме да не си поставуваат граници. Како Црвен крст влијаеме на градење на млади кои ќе имаат капацитети да се носат со предизвиците на денешницата и им помагаме да го трасираат патот на вистинските вредности.
Честитки за сите 1200 младинци, за нивните дисеминатори кои им помагаа низ целиот процес и ги охрабруваа и мотивираа, на Општинските Организации на Црвен крст, на стручните служби, на ПХВ инструкторите и менторите, партнерите, донаторите…кругот на добрина е навистина голем.
Благодарност за медиумите за промоција на нивните хумани иницијативи, бидејќи во овој мрак тие се светлина која заслужува внимание.
Никогаш не сомневајте се дека една мала група на ентузијасти може да предизвика разлика на светот. Всушност, тоа е единственото нешто што секогаш предизвикува промени.
После 28 мај, ќе пишуваме за конкретните проекти.