18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе
Црвениот крст на Република Македонија како член на Секретаријатот на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција со организирање на превентивни активности се вклучува во одбележување на 18 октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе.
По повод 18 окотмври, ќе се организираат работилници за врсничка едукација на млади во основни и средни училишта кои ќе се спроведат преку Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст Струга, Штип, Кавадарци, Струмица и Дебар. Превентивните лекции имаат цел да се подигне свеста на младите, препознавање на начините преку кои младите можат да бидат вовлечени во трговијата со луѓе и нивна самозаштита. Преку вкупно 9 едукативни работилници ќе се опфатат над 300 ученици од основни и средни училишта во шест општини во земјата, како и волонтери од клубот на млади на Црвениот крст во Скопје и Општинската организација на Црвен крст Штип.
Исто така во Скопје, Куманово, Охрид и Штип ќе бидат поставени и штандови со информативно – едукативни материјали кои ќе се дистрибуираат од старна на младите волонтери на Црвениот крст.