Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
20 ГОДИНИ РАМНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО ВО МЕЃУНАРОДНОТО ДВИЖЕЊЕ НА ЦРВЕН КРСТ И ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА

2015-11-27

20 ГОДИНИ РАМНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО ВО МЕЃУНАРОДНОТО ДВИЖЕЊЕ НА ЦРВЕН КРСТ И ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА

20god1

Во годината кога одбележуваме 70 години од формирањето на Црвениот крст на Република Македонија, националното друштво денес одбележа уште еден значаен датум 20 години рамноправно членство во Меѓународното движење на Црвен крст и Црвена полумесечина,  денот кога Организацијата во 1995 година е примена како 169 членка.

На тркалезната маса под наслов *Развој на националното друштво и неговата улога во општеството и Меѓународното движење* која се одржа во просториите на Македонската академија на науките и уметностите учествуваа лица кои имаат значајно влијание во општествениот живот како научни работници, професори, претставници на медиуми и компании, волонтери, кои со свои презентации и дискусии дадоа посебен придонес во  одбележување на овој дводецениски период од признавањето и членството во Движењето на теми:

  • Меѓународно хуманитарно право и негова ефективна имплементација и хармонизација во националното законодавство
  • Хуманитарен одговор на современите предизвици
  • Пораките на Основните принципи на Црвениот крст на новите предизвици
  • Довербата во граѓанскиот сектор и јавното мислење

 

На овој форум свои поздравни обраќања  имаа Претседателот на Собранието на Реублика Македонија г-дин Трајко Вељаноски, Претседателот на Македонската академија на науки и уметности, академик Владо Камбовски и Претседателот на Црвениот крст на Република Македонија Д-р Милчо Трајков.

20god

20god3

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025