Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
21 Maj – осамостојување на Црвениот крст

2022-05-21

21 Maj – осамостојување на Црвениот крст

Со oсамостојувањето на државата Република Македонија се наметна потребата за осамостојување на Црвениот крст на Република Македонија. Така на 21 Мај 1992 година е донесена Одлука за осамостојување. Во 1994 година е донесен Закон за Црвениот крст на Република Македонија. Во овој период Црвениот крст имаше бројни разновидни активности. Особено оваа Организација беше активна во згрижувањето на бегалците од одделни краишта на поранешна Југославија, каде се водеа жестоки борби. По осамостојувањето Владата на Република Македонија на 25 Август 1993 година ги ратификува Женевските конвенции од 1949 и Дополнителните протоколи од 1977 година. На 1.11.1995 година Црвениот крст е признат од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, а на 27.11.1995 година е примен во Меѓународната Федерација на друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина како 169-та полноправна членка.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025