мај 21, 2021

21 Maj – осамостојување на Црвениот крст на РCМ

Годините минувале а Црвениот крст се повеќе се оспособувал да ги врши хуманитарните цели и задачи да дава помош таму каде што е неопходно. Своите цели и задачи Црвениот крст ги има усогласено со принципите на Меѓународтното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, и тоа: Хуманост, Непристрасност, Неутралност, Независност, Доброволна служба, Единство, Универзалност.

Со самостојувањето на државата Република Северна Македонија ја укажа потребата за самостојување и на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Така на 21 Мај 1992 година е донесена Одлука за осамостојување. Во 1994 година е донесен Закон за Црвениот крст на Република Македонија. Во овој период Црвениот крст на Република Северна Македонија имаше бројни разновидни активности. Особено оваа Организација беше активна во згрижувањето на бегалците од одделни краишта на поранешна Југославија, каде се водеа жестоки борби.

По осамостојувањето Владата на Република Северна Македонија на 25 август 1993 година ги ратификува Женевските конвенции од 1949 и Дополнителните протоколи од 1977 година. На 1.11.1995 година Црвениот крст на Република Северна Македонија е признат од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, а на 27.11.1995 година е примен во Меѓународната Федерација на друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина како 169-та полноправна членка.

< врати се назад