4 oнлајн обуки за користење на веб-базираната комуникациска платформа NICS (Следна генерација на систем за управување и командување со инциденти) за волонтери и вработени лица од Црвениот крст на Република Северна Македонија
Во период од 24.08.2020 до 27.08.2020 година, во рамките на проектот “Градење на капацитети за комуникација и координација за ефикасна подготвеност и одговор на Западен Балкан” (поддржан од МФЦК/ЦП), преку платформата ZOOM се одржаа 4 онлајн обуки за волонтери и вработени лицa во Црвен крст на РСМ, Црвен крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст. На обуките беа номинирани 63 учесници од Црвениот крст на Република Северна Македонија, Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст: Центар, Гази Баба, Карпош, Кисела Вода, Чаир, Берово, Битола, Валандово, Велес, Виница, Гевгелија, Гостивар, Демир Хисар, Дебар, Делчево, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Куманово, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово и Штип.
Главна цел на обуката беше надградба на капацитетите на волонтерите и вработените лица на Црвен крст за координација и ефективен одговор во случај на катастрофи.
За потреби на реализација на обуките, обучувачите од ЦУК и ОЦ на ЦКРСМ беа лоцирани во Струга, а номинираните лица за обука од ЦКРСМ беа поделени во 4 групи – секоја група броеше 15 до 16 лица коишто работеа од своја локација (дома, работа итн). За четирите дена предвидени за обука од страна на ЦКРСМ беа номинирани 63 лица – од кои 8 лица претходно следеле основна обука.
Со цел запазување на здравствените протоколи поради COVID-19, обуките беа спроведени онлајн со помош на апликацијата ZOOM, при што лицата кои следеа обука користеа компјутери со интернет, камера и микрофон, а за работа со мобилната апликација имаа на располагање андроид мобилни телефони.
Четирите онлајн обуки беа реализирани согласно следната агенда:
- Онлајн регистрација на учесниците;
- Отворање кориснички профили;
- Запознавање со апликацијата, отворање работен простор и работна соба, просторно позиционирање, општа работа со карта и користење писмена комуникација и симболи на карта;
- Практична работа со NICS апликацијата со користење фотографии и видеа, како и работа со мобилната NICS апликацијa;
- Мини канцелариска вежба со користење NICS апликација – на тема справување со COVID-19;
- Анализа на извршената обука и споделување впечатоци од обуката од страна на обучуваните лица, со забележани предности и недостатоци на NICS апликацијата и предлози за подобрување;
- Затворање на обуката/вежбовната активност.