5-ти декември – Светски ден на волонтерството Волонтерите градат стабилни заедници
На 4 декември во 11:00 часот во просториите на Музеј на град Скопје се организираше Конференција за волонтерство под слоганот,,Волонтерите градат стабилни заедници,,.
На настанот воведно обраќање имашe претседателот на Црвениот крст на Република Македонија проф. д-р. Ромел Велев, а учесници на конференцијата беа д-р. Саит Саити – Генерален секретар на Црвен крст на Република Македонија, Мила Царовска – Министер за труд и социјална политика, Ирена Иванова претставник од Европска делегација во Скопје, Лидија Димова – Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Александра Ристовски од Црвен крст на Република Македонија, Блажен Малевски – Претседател на Национален младински совет на Македонија, Сања Стефановиќ – Програмски координатор при Младински образовен форум, Проф. Марија Топузовска Латковиќ – Институт за социолошки и политичко правни истражувања, Ивана Маринчек – Комора на психолози на Република Македонија, Проф. Раде Рајковчевски – Факултет за безбедност – Скопје при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Живко Мукаетов – Алкалоид АД Скопје.
Целта на Конференцијата беше да се актуализираат прашањата поврзани со волонтирањето и организирањето на волонтерската работа. Низ панели се разработи нормативната рамка за волонтирањето во РМ, значењето на волонтирањето за градење на безбедно и здраво општество, а претставниците од граѓански здружена ги презентираа најдобрите практики во организирањето на волонтерски акции.
На самиот настан беа доделени признание Анри Динан на Јане Неделковски, Марија Стојкова, Стојче и Еми Тоциновски, Александра Ристовски, за реализација и промовирање на идеите на Црвениот крст,а благодарници на ЦКА-ПХВ колегиум и Алкалоид АД Скопје за долгогодишно учество и придонес во остварувањето на целите и задачите на Црвениот крст на Република Македонија.