55 години волонтерско искуство
Васил Апостолов е волонтер во Црвен крст веќе 55 години. Цел еден живот. Роден е во Штип, растел во Скопје, а Црвен крст му овозможил да има пријатели низ целата земја. Учествувал во многу младински акции, а во 1974 бил и младински делегат од Македонија во Собранието на Црвен крст во тогашна Југославија. Вели дека има многуспомени, за многу луѓе, на многу акции и активности. Никогаш нема да ги заборави поплавите во Маџари во 1979 година, кога се излеала реката Вардар и кога Црвен крст преку своја мрежа на волонтери се екипирала за да помогне. „Се делеше храна преку месни заедници “ вели тој,„ сите помагаа“. Љубов во Црвен крст му е служба барање и вели дека било тешко за време на босанската криза кога не постоеја многу начини на комуникации и кога луѓето пишуваа и праќаа писма преку службите на Црвен крст. „Се радував со секој од нив кога ќе примеа вест за своето семејство. Тешки времиња. Сега е полесно, постојат телефони, разни апликации и луѓето се во постојана комуникација“-вели Апостолов.
„Треба да се волонтира, треба да се помага, тоа човекот го прави подобар и похуман“- завршува нашиот чичко Васил.