
70 години од основањето на НАТО – крводарителска акција со припадниците на Aрмијата
Денот на НАТО е настан кој традиционално се одбележува во сите земји-членки во Алијансата, како и во земјите – партнери. По повод 70 години од основањето на НАТО, Црвениот крст на Република Македонија во партнерство со Министерството за одбрана на 08.04.2019 година организираше крводарителска акција.
На самиот настан присуствуваше и Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија д-р Саит Саити кој пред се им се заблагодари на Армијата на РМ за придонесот, развојот и унапредувањето на програмата за крводарителство во РМ пред се негување на принципите, солидарноста, хуманоста и давање на личен пример за мотивација и поттик за развојот на волонтеризмот во нашата држава. Д-р Саити иста така им се заблагодари на сите институции во државата за досегашната соработката.
Исто така беа доделени и признанија за припадниците на Армија кои даруваа крв над 50,75 и 100 пати.