72 години од Женевските конвенции
Женевските конвенции кои се темел на меѓународното хуманитарно право беа усвоени пред 72 години, по Втората светска војна.
Потекло на Конвенциите од 1949 година
Во 1874 год. Дипломатската конференција одржана во Брисел, на иницијатива на цар Александар II од Русија, усвои Меѓународна декларација за законите и обичаите на војна. Меѓyтoa, текстот не беше ратификуван бидејќи некои од присутните влади не сакаа да се обврзуваат со спогодби. И покрај сето тоа, Брисел даде важен печат во кодифицирањето на законите за војна.
Во 1934 год., на 15-та Меѓународна Конференција на Црвен крст што се одржа во Токио, е одобрен текстот на Меѓународната Конвенција за условите и заштитата на цивилите (поднесен од МКЦК) кои се од непријателската страна а се на територија која и припаѓа или е окупирана од завојуваната страна. И за тој текст не беше преземено ништо. Владите одбија да одржат дипломатска конференција и да одлучат за негово усвојување. Како резултат на тоа, нацрт верзијата од Токио не беше применета за време на Втората светска војна, со последици што ни се познати на сите.