мај 6, 2015

8 Мај Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина

Poster_8_maj

Во пресрет сме на одбележувањето на 8 мај, Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Неделата на Црвениот крст на РМ од 8-15 мај.

8 мај претставува исклучителна можност да се оддаде признание на извонредната хуманитарна работа која ја прават милиони посветени професионалци и волонтери ширум светот секој ден. Овој ден претставува можност нашето Движење да говори со заеднички глобален глас и да ги истакне вредностите и заслугите на оние кои се најзаслужни за нашето постоење – ВОЛОНТЕРИТЕ.

Во 2015 година се одбележуваат 50 години од усвојувањето на основните принципи на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесеина. По тој повод се приклучуваме на глобалната кампања предводена од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвената полумесечина под мотото ,,Нашите принципи во акција,,.

Во рамките на одбележувањето ќе се додели јубилеен знак по повод 70 години од формирањето на Црвениот крст на РМ на долгогодишни волонтери кои имаат дадено посебени придонеси во развојот Црвениот крст на РМ, како и промоција на поштенска марка, со што дополнително ќе се промовира заедничката заложба за похумано општество.

Настанот ќе се одржи на 8 Мај (петок) со почеток во 10:30 часот во просториите на Црвениот крст на Република Македонија.

< врати се назад