Red Cross Shape
8-МИ МАЈ -СВЕТСКИ ДЕН НА ЦРВЕН КРСТ И ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА

2014-05-11

8-МИ МАЈ -СВЕТСКИ ДЕН НА ЦРВЕН КРСТ И ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА

ckrm1105Црвениот крст на Република Македонија на 8-ми Мај 2014 година во Дом на АРМ го одбележa Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина под мотото „Мојата приказна во Црвениот крст“. На настанот присуствуваа голем број на познати личности од уметничката естрадата, клуб на оратори при Правен факултет,волонтери и др. На настанот се обрати генералниот секретар на Црвениот крст г-дин Саит Саити кој истакна дека во 151 годишно постоење, Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина допрело до голем број на лица. Последните податоци од Меѓународната Федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина велат дека на годишно ниво активно се вклучени над 17 милиони волонтери, а како директни корисници се проценуваат околу 180 милиони лица.Поголемиот дел од населението се постојано во контакт со Црвениот крст и придонесуваат во нивната работа. Доволно е да се земат во предвид лицата кои поминале курс по прва помош или помогнале на семејства кои биле погодени од одредена катастрофа, или пак учествувале во друга активност на Црвениот крст. Во име на Македонска пошта генералниот директор г-дин Рафиз Алити ја поромовираше поштенската марка и изрази големо задоволство од досегашната заедничка соработка.На самиот настан своите лични приказни ги кажаа и актерките Снежана Коневска – Руси, Весна Петрушевска-Бејби и младата изведувачка Јана Бурчевска.

Снежана Руси ја сподели својата приказна со акцент на влијанието кое врз неа го имала организацијата и волонтерите кои ги подговтуваше за театарската претстава Погодете кој доаѓа на вечера, како и поттикот кој го добила од волонтерите за најзина понатамошна вклученост во редовите на Црвениот крст. Актерката Весна Петрушевска ја сподели својата лична приказна во која Црвениот крст е во улога на помагател по опожарување на нејзината семејна куќа и значењето на подадената рака во првите мигови кога се изгледа загубено. Младата Јана исто така сподели приказна за нејзините први контакти со Црвениот крст во училиштето, посетите и незаборавните дружби со штитениците во Центарот за Церебрална парализа Капиштец како и поддршката во хуманитарните забави. Заедничко за сите нив е дека ја истакнаа желбата за понатамошна соработка со Црвениот крст и подготвеност да ги поддржат нашите општествено-хуманитарни активности.

Други вести

Саити оствари средба со претседателката на МФЦК/ЦП, Кејт Форбс
Обука за воспоставување семејни врски / Служба Барање – основно ниво
Работилница за психо-социјална поддршка на онколошки пациенти

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom