јуни 12, 2017

СПОРТСКО – РЕКРЕАТИВНИ ИГРИ НА КРВОДАРИТЕЛИ

Во организација на Клубот на крводарители на Црвен крст на град Скопје во периодот од 09-11 јуни 2017 година во хотел “Бисер” во Струга се одржаа традиционалните Спортско-рекреативни игри на крводарители.

            На спортско-рекреативни игри учество земаа шест екипи со преку 120 натпреварувачи и тоа : на Клуб на крводарители на Црвен крст на град Скопје, АД ОКТА Рафинерија, АД Макпетрол, ЈП ЈСП – Скопје, АД Комерцијална банка и Баргала Штип. Беа застапени слените дисциплини за мажи и жени : трчање на 50 метри, трчање во вреќи на 20 метри, скок во далечина од место, фрлање ѓуле, пинг понг, пикадо, шах, јадење шампита, шутирање на кош и екипно во влечење на јаже.

            Првите три места во екипно бодирање ги освоија АД Макпетрол, ЈП ЈСП – Скопје и АД ОКТА Рафинерија. Екипата на Клубот на крводарители иако најмалку бројна со само 7 членови освои 4 втори и три трети места.

            Спортско-рекреативни игри поминаа во исклучително позитивна спортска атмосфера, со добро подготвени екипи и поединци натпреварувачи, со дружење и забава.

< врати се назад