Активности на Црвен крст
Црвениот крст на РСМ уште од појавата на корона вирусот во нашата држава е присутен помеѓу населението со превентивни активности како и помош и поддршка на најранливите категории на население.
Во 15 градови формирани се мобилни тимови кои се активни секој ден и чија задача е да вршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и истите да ги достават до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните лица, до семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории на граѓани. Мобилните тимови се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош. Сервисната услуга што ја обезбедуваат мобилните тимови е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат финансиски средства само за артиклите или лековите кои ќе треба да им се набават. Целта на оваа активност е да им се овозможи поддршка на лицата на која таа им е најнеопходна, со што тие нема да имаат потреба да ги напуштаат своите домови и на тој начин да се намали ризикот од инфицирање со вирусот Ковид-19 (корона вирус).
Реден број |
ООЦК/ЦКГС |
Број за контакт |
Временска рамка на функцуонирање |
1 |
Битола |
047 236 019 |
08 – 12:00 |
2 |
Делчево |
033 412 010 |
09 – 13:00 |
3 |
Велес |
078 254 729, 075 272 485, 075 247 637 |
08 – 18:00 |
4 |
Кавадарци |
070 239 352 |
08:30 – 12:00 |
5 |
Кичево |
045 225 324 |
08:30 – 12:00 |
6 |
Кочани |
071 373 677 |
09 – 14:00 |
7 |
Крушево |
071 379 920 |
08 – 12:00 |
8 |
Охрид |
046 261 909, 070 315 309, 13 112 (скратениот телефонски број на Планинската спасителна служба). |
08 – 16:00 |
10 |
Свети Николе |
032 443 171, 074 600 171 |
08 – 13:00 |
11 |
Струга |
071 398 424 |
08 – 12:00 |
12 |
Струмица |
071 345 901 |
10 – 12:00 |
13 |
Тетово |
044 336 374 |
09 – 15:00 |
14 |
Штип |
074 203 030 |
08 – 16:00 |
15 |
Црвен крст на град Скопје – Тим за бездомници |
02 3096 227 |
08:30 – 12:30 |
16 |
Чаир |
070 208 383, 02 2621 924 |
08:30 – 12:30 |
17 |
Карпош |
071 349 230, 02 3068 806 |
08:30 – 12:30 |
18 |
Кисела Вода |
071 349 225, 02 3211 417 |
08:30 – 12:30 |
19 |
Гази Баба |
071 243 078, 02 2529 153 |
08:30 – 12:30 |
20 |
Центар |
070 297 166, 02 3115 029 |
08:30 – 12:30 |
Во 7 градови отворени се линии за психосоцијална поддршка
Реден број |
ООЦК/ЦКГС |
Број за контакт |
Временска рамка на функцуонирање |
1 |
Велес |
076278178, 078317035 |
10 – 12:00 и 18 – 20:00 |
2 |
Кавадарци |
075215947, 071338757 |
10 – 14:00 и 17 – 19:00 |
3 |
Свети Николе |
078 456 414 |
17 – 20:00 |
4 |
Струмица |
071 345 901 |
10 – 14:00 |
5 |
Штип |
|
10 – 13:00 |
6 |
Црвен крст на град Скопје |
075 352 246 – Стари лица071 379 119 – Останати граѓани |
09 – 13:00 |
7 |
Прилеп |
048 424 710 |
10 – 14:00 |
Дополнително се врши дистрибуција на хуманитарна помош за бездомници и се спроведува кампања за подигање на свест преку дистрибуција на постери за промоција на хигиена и заштита од корона вирус
Сакаме да се заблагодариме на сите граѓани за довербата и сета поддршка која ја добиваме како и за интересот за вклучување во нашите активности во овие тешки времиња.