Red Cross Shape
Активности за поголема безбедност на пензионерите во сообраќајот

2015-04-24

Активности за поголема безбедност на пензионерите во сообраќајот

РСБСП во соработка со Црвениот крст и МВР во рамки на кампањата за поголема безбедност на ранливите групи во сообраќајот, реализираше промотивно-едукативен настан кој имаше за цел да ја подигне свеста кај пензионерите за нивно учество во сообраќајот.

Настанот симболично беше организиран на улицата кај Зеленото пазарче што преставува точка каде што пензионерите најчесто непрописно преминуваат преку улицата.

Во пензионерскиот клуб во Тафталиџе, се одржа и едукативна средба на пензионерите од општина Карпош со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, МВР, Црвениот крст на Р.М, и градоначалникот на општина Карпош во рамките на кампањата за поголема безбедност на ранливите групи, пензионерите.

Целта на денешната средба беше запознавањето на дел од практичните совети како пензионерите да бидат посовесни пешаци и подигнување на свеста кај граѓаните од третото доба за нивна поголема безбедност. Истите имаа можност да се запознаат и со апликацијата за прва помош за мобилни телефони која е подготвена со цел да им помогне на граѓаните во укажување на прва помош, како и да се вклучат активно со свои совети и предлози.

DSCN0920

Други вести

Конститутивно-изборна седница на Собранието на Црвен крст на Република Северна Македонија
Учество на младински состанок во Солферино, Италија
Пехар за Делчево, Тетово, Свети Николе и Демир Хисар

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom