јули 11, 2019

Kампања за прва помош

Црвениот крст на Република Македонија на 11 јули 2019 година во 10:30 часот во отворениот простор после подвозникот Александар Палас ( до ресторан Балканика) одржа прес конференција со цел најава на кампања со мото “Твоето незнаење чини живот “.

Имајќи во предвид летниот период кога временските услови го зголемува бројот на сообраќајните незгоди, Црвениот крст одлучи да спроведе кампања од 15 јули со која возачите кои веќе имаат сертификат за прва помош ќе им се понуди бесплатно освежување на нивното знаење.

Прес конференцијата започна со симулација во живо на спотот, а потоа Генералниот секретар на Црвен крст д-р Саит Саити ги образложи целите на летна кампања за освежување на знаењата по прва помош кај постоечките возачи. Целта е да се освежат знаењата на возачите, да се подигне јавната свест за потреба од обезбедување на прва помош во сообраќајот во случај на незгода и да се влијае кај донесителите на одлуки во државата за потребите од унапредување на квалитетот и знаењата за прва помош во секојдневното живеење со посебен акцент на возачите.

Исто така бренд амбасадорите на кампањата Катарина Ивановска позната манекенка и Анита Латифи позната водителка ги повика возачите да ги посетат бесплатни освежителни курсеви во 33 Општинска организација на Црвен крст каде вкупно ќе бидат опфатени 8000 возачи.

На прес конференцијата присуствуваа претседателот на Црвениот крст, директорот на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, директорот на ИТМ, РСБСП, МВР, познати личности, соработници и волонтери.

“Твоето незнаење чини живот “

 

< врати се назад