септември 5, 2015

БИЛАТЕРАЛНА ПОСЕТА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Делегација на Црвен крст на Република Македонија предводена од генералниот секретар г-дин Саит Саити оствари билатерална посета на Црвениот крст на Босна и Херцеговина во Сараево, БиХ. Цел на посетата беше доделување на сертификат благодарница за обезбедената помош на нашето национално друштво и Република Македонија за погоденото население од поплавите во БиХ во 2014 година. Делегацијата на Црвениот крст на Република Македонија беше примена во централата на Црвениот крст на Босна и Херцеговина. Во разговорите беше истакната блиската соработка на двете национални друштва и можностите за нејзино унапредување во претстојниот период. Истиот ден беше одржана прес конференција на која беше доделен сертификатот – благодарница за обезбедената хуманитарна помош на ЦКРМ и беше упатен апел до населението во Босна и Херцеговина да дава парични прилози и помош за поддршка на мигрантите кои се движат во Македонија на нивниот пат кон Западна Европа. Untitled-3

< врати се назад