мај 1, 2022

Честитка по повод Рамазан Бајрам

Почитувани,

Црвениот крст на Република Северна Македонија на сите граѓани од исламска вероисповест им го честита големиот празник Рамазан Бајрам.

Големите верски празнувања, се можност да се навратиме на вредностите на традициите. Овие моменти да ги посветиме на семејството, да помогнеме на тие што им треба помош, но и да се воздржиме од лоши мисли.  Да се потсетиме на значењето на соживотот, толеранцијата и на меѓусебното разбирање. Да останеме сплотени и заедно да придонесуваме за благосостојбата на сите наши сограѓани без разлика на нивната верска, етничка или друга припадност, градејќи праведно и просперитетно општество.

Духовниот благодет од големиот празник и понатаму нека биде инспирација и водилка за напредок и успех во Вашите семејства и во сите полиња од Вашиот живот.

Честит Рамазан Бајрам!

Црвен крст на Република Северна Македонија

 

< врати се назад