мај 22, 2019

ЦКА-ПХВ подготвителна работилница

Во период од 17 до 19 мај во Струга, се оддржа ЦКА- ПХВ подготвителна работилница, втора по ред оваа година. На истата присуствуваа дваесетина ЦКА-ПХВ инструктори кои имаа за цел да ги прегледаат, евалуираат и оценат сите 150 мали проекти кои беа изработени од страна на овогодишната ЦКА-ПХВ генерација. Секој проект беше разгледан од страна на двајца инструктори а заради добрите резултати, голем број на проекти беа презентирани пленарно пред целиот тим. Целиот процес е многу инспиративен особено што некои младинци навистина направија големи и трајни промени во нивните заедници. Особена е важна нивната видливост во средините како и промоција која беше направен заради амблемот и организацијата. Покрај сработеното и зајакнување на капацитетите на тимот, беше организиран и заеднички ифтар преку кој членовите на тимот имаа уште повеќе можности да се запознаат со културата, обичаатите на инструктори од муслиманска вероисповест а сето ова е во духот на ЦКА-ПХВ програма која промовира мир, толеранција и соживот.

 

< врати се назад