Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Црвен крст на Македонија упатува честитки за големиот успех на ракометарите на Вардар

2017-06-07

Црвен крст на Македонија упатува честитки за големиот успех на ракометарите на Вардар

Црвен крст на Република Македонија со 5 тима на волонтери, доктори и парамедици со 3 возила од кои 1 санитетско, учествуваше во обезбедување на денешната прослава на Плоштад Македонија, по повод освојувањето на ракометната Лига на шампиони од страна на РК Вардар. Тимовите интервенираа и пружија прва помош на повеќе од 50 лица со симптоми на сончаница и дехидрирање, а воедно и транспортираа 2 лица до ургентниот центар на Клиниката “Мајка Тереза”.