ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И АМБАСАДАТА НА ФРАНЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ПОТПИШАА АНЕКС НА ДОГОВОРОТ ЗА СОРАБОТКА
На ден, 25.11.2016 година, Црвениот крст на Република Македонија, претставуван од генералниот секретар Саит Саити и Амбасадата на Република Франција во Македонија, застапувана од Неговата Екселенција, Кристиан Тимоние, Амбасадор на Франција, потпишаа Анекс на договорот за соработка, кој беше потпишан на 12.11.2010 година, со кој уште еднаш се потврдува и зацрвстува соработката помеѓу Црвениот крст на Република Македонија и Амбасадата на Франција во Македонија.
За време на посетата, генералниот секретар Саит Саити даде краток преглед на тековните активности во Црвениот крст и беа разменети искуства за досегашната соработка, како и плановите и можностите за идна соработка помеѓу Црвениот крст на Република Македонија и Амбасадата на Франција во Македонија.