јануари 18, 2016

Црвен крст на РМ обезбедува поддршка на мигрантите и бегалците

Црвен крст на Рeпублика Македонија во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, како и во соработка со домашните поддржувачи и компании,  активно е вклучен во поддршката на бегалците кои транзитираат низ нашата земја.

Црвен крст на Рeпублика Македонија на двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце е на терен 24 часа со 11 мобилни тима во поддршката на бегалците кои транзитираат низ нашата земја.

Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 206 кои се составени од вработени, лекари и пaрамедици, членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.

Црвен крст на Рeпублика Македонија во период 11-17 јануари дистрибуираше: 8 750 шишиња вода за пиење, 337 пакети со прехрамбени продукти, 691 пакети со хигиенски средства, 2 550 мантили за дожд, 3 100 парчиња шал,капа и ракавици, 985 јакни, 459 чизми, 1 162 ќебиња, 3 770 порции чај, 2 711 порции супа и на   3 652 лица им беше укажана прва помош.

migrants2

migrants6

migrants4

migrants3

migrants5

< врати се назад