јануари 25, 2016

ЦРВЕН КРСТ НА РМ ОБЕЗБЕДУВА ПОДДРШКА НА МИГРАНТИТЕ И БЕГАЛЦИТЕ

Црвен крст на Рeпублика Македонија во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, како и во соработка со домашните поддржувачи и компании, активно е вклучен во поддршката на бегалците кои транзитираат низ нашата земја.

Црвен крст на Рeпублика Македонија на двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце е на терен 24 часа со 11 мобилни тима во поддршката на бегалците кои транзитираат низ нашата земја.

Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 206 кои се составени од вработени, лекари и пaрамедици ,членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.

Црвен крст на Рeпублика Македонија во период 18-24 јануари дистрибуираше: 5070 шишиња вода за пиење, 990 пакети со прехрамбени продукти, 309 пакети со хигиенски средства, 473 мантили за дожд, 3546 парчиња шал,капа и ракавици, 1058 јакни, 481 чизми, 2096 ќебиња, 2925 порции чај, 1577 порции супа и на   1490 лица им беше укажана прва помош.

< врати се назад