Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Црвен крст на РМ обезбедува поддршка на мигрантите и бегалците

2016-02-01

Црвен крст на РМ обезбедува поддршка на мигрантите и бегалците

Црвен крст на Рeпублика Македонија во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, како и во соработка со домашните поддржувачи и компании, активно е вклучен во поддршката на бегалците кои транзитираат низ нашата земја.

Црвен крст на Рeпублика Македонија на двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце е на терен 24 часа со 11 мобилни тима во поддршката на бегалците кои транзитираат низ нашата земја.
Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 206 кои се составени од вработени, лекари и пaрамедици ,членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.

Црвен крст на Рeпублика Македонија во период 25-31 јануари дистрибуираше: 14.760 шишиња вода за пиење, 2.103 пакети со прехрамбени продукти, 1.482 пакети со хигиенски средства, 4.883 шал, капа и ракавици, 1.690 јакни, 693 чизми, 1.485 ќебиња, 2.352 за бебе, 4.025 порции чај, 4.295 порции супа и на 4.013 лица им беше укажана прва помош.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025