
Црвен крст на РМ обезбедува поддршка на мигрантите и бегалците
Црвен крст на Рeпублика Македонија во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, како и во соработка со домашните поддржувачи и компании, активно е вклучен во поддршката на бегалците кои транзитираат низ нашата земја.
Црвен крст на Рeпублика Македонија на двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце е на терен 24 часа со 11 мобилни тима во поддршката на бегалците кои транзитираат низ нашата земја.
Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 206 кои се составени од вработени, лекари и пaрамедици, членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.
Црвен крст на Рeпублика Македонија во период 01-07 февруари дистрибуираше: 18.254 шишиња вода за пиење, 1.944 пакети со прехрамбени продукти, 1.275 пакети со хигиенски средства, 700 мантили за дожд, 6.604 шал, капа и ракавици, 1.823 јакни, 1.233 чизми, 1.524 ќебиња, 6.244 порции чај, 4.766 порции супа и на 4.803 лица им беше укажана прва помош.