Red Cross Shape
Црвен крст на РМ обезбедува поддршка на мигрантите и бегалците

2016-02-22

Црвен крст на РМ обезбедува поддршка на мигрантите и бегалците

Црвен крст на Рeпублика Македонија во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, како и во соработка со домашните поддржувачи и компании, активно е вклучен во поддршката на бегалците кои транзитираат низ нашата земја.

Црвен крст на Рeпублика Македонија на двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце е на терен 24 часа со 11 мобилни тима во поддршката на бегалците кои транзитираат низ нашата земја.

Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 240 кои се составени од вработени, лекари и пaрамедици ,членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.

Црвен крст на Рeпублика Македонија во период 15-21 февруари дистрибуираше: 4.332 шишиња вода за пиење, 519 пакети со прехрамбени продукти, 646 пакети со хигиенски средства, 1.320 мантили за дожд, 1.250 шал, капа и ракавици, 863 јакни, 233 чизми, 2.176 ќебиња, 3.650 порции чај, 2.998 порции супа, 310 ранци, 864 парчиња чокочадно млеко,1 269 долна облека и на 2.170 лица им беше укажана прва помош.

Други вести

Одржан регионален натпревар по прва помош за Регион 1 за 2026 година
Честит 8 Мај – Светски ден на Црвен крст и Црвена полумесечина
Црвениот крст доби плакета од МВР по повод Денот на полицијата

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom