март 7, 2016

Црвен крст на РМ обезбедува поддршка на мигрантите и бегалците

Црвен крст на Рeпублика Македонија во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, како и во соработка со домашните поддржувачи и компании, активно е вклучен во поддршката на бегалците кои транзитираат низ нашата земја.

Црвен крст на Рeпублика Македонија на двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце е на терен 24 часа со 11 мобилни тима во поддршката на бегалците кои транзитираат низ нашата земја.

Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 264 кои се составени од вработени, лекари и пaрамедици ,членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.

Црвен крст на Рeпублика Македонија во период 29 февруари до 06 март 2016 година дистрибуираше: 13.929 шишиња вода за пиење, 925 пакети со прехрамбени продукти, 502 пакети со хигиенски средства, 725 мантили за дожд, 1.515 шал, капа и ракавици, 665 јакни, 693 чизми, 2.220 ќебиња, 3.175 порции чај, 4.250 порции супа, 183 ранци, 3.769 парчиња чокочадно млеко, 2.568 долна облека и чорапи, 118 кг детергент за алишта, 592 храна за бебиња, 6.548 лица преспиеле и на 5.550 лица им беше укажана прва помош.

12806022_10207597710433809_4479952683787039090_n

12800351_896395233810279_1160866905733759700_n

< врати се назад