Црвен крст на РМ обезбедува поддршка на мигрантите и бегалци
Црвен крст на Рeпублика Македонија во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина активно е вклучен во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.
Црвен крст на Рeпублика Македонија на двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце е на терен 24 часа со 9 мобилни тима во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.
Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 135, кои се составени од вработени, лекари и пaрамедици, членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.
Црвен крст на Рeпублика Македонија во период од 19 до 25 октомври дистрибуираше: 10 400 шишиња вода за пиење, 972 пакети со прехрамбени продукти, 251 пакети со хигиенски средства, 535 парчиња пелени за бебиња или 100 кутии, 109 кутии бисквити, 96 кутии млеко за бебиња, 517 парчиња чоколадно млеко,100 пакети за бебиња, 3 840 ќебиња, 1 220 мантили за дожд, 40 вреќи за спиење, 42 пакети за прва помош, и на 6 117 лица им беше укажана прва помош, и 16 лица се траспортирани до болница.