Црвен крст на РМ обезбедува поддршка на мигрантите и бегалци
Црвен крст на Рeпублика Македонија во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина активно е вклучен во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.
Црвен крст на Рeпублика Македонија на двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце е на терен 24 часа со 9 мобилни тима во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.
Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 135, кои се составени од вработени, лекари и пaрамедици ,членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.
Црвен крст на Рeпублика Македонија во период од 02 до 09 ноември дистрибуираше: 5461 шишиња вода за пиење, 783 пакети со прехрамбени продукти, 67 пакети со хигиенски средства, 92 кутии бисквити, 79 парчиња пелени за бебиња, 366 парчиња чоколадно млеко, 33 кутии млеко за бебиња, 192 пакети за бебиња, 2604 ќебиња, 108 пара чорапи, 36 сетови за прва помош, и на 5306 лица им беше укажана прва помош, и 14 лица се траспортирани до болница.