Црвен крст на РМ обезбедува поддршка на мигрантите и бегалци
Црвениот крст на Рeпублика Македонија во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина активно е вклучен во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.
Црвениот крст на Рeпублика Македонија на двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце е на терен 24 часа со 9 мобилни тима во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.
Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 135, кои се составени од вработени, лекари и пaрамедици ,членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.
Црвениот крст на Рeпублика Македонија во период од 09 до 15 ноември дистрибуираше: 13 170 шишиња вода за пиење, 1 571 пакети со прехрамбени продукти, 108 пакети со хигиенски средства, 10 600 кутии бисквити, 326 парчиња пелени за бебиња, 1 207 парчиња чоколадно млеко, 112 кутии млеко за бебиња, 123 пакети за бебиња, 2 051 ќебиња, 150 пара чорапи, на 7 730 лица им беше укажана прва помош, и 67 лица се траспортирани до болница.