декември 14, 2015

ЦРВЕН КРСТ НА РМ ОБЕЗБЕДУВА ПОДДРШКА НА МИГРАНТИТЕ И БЕГАЛЦИ

Црвен крст на Рeпублика Македонија во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина активно е вклучен во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.

Црвен крст на Рeпублика Македонија на двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце е на терен 24 часа со 9 мобилни тима во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.

Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 176, кои се составени од вработени, лекари и пaрамедици, членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.

Црвен крст на Рeпублика Македонија во период од 07-13 декември дистрибуираше: 11 948 шишиња вода за пиење, 1 755 пакети со прехрамбени продукти, 246 пакети со хигиенски средства, 223 парчиња пелени за бебиња, 160 пакети за бебиња, 2718 ќебиња, 446 вреќи за спиење, 5 578 порции чај, 2 741 порции супа и на   4 977 лица им беше укажана прва помош.

< врати се назад