Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ЦРВЕН КРСТ НА РМ ОБЕЗБЕДУВА ПОДДРШКА НА МИГРАНТИТЕ И БЕГАЛЦИТЕ

2015-12-21

ЦРВЕН КРСТ НА РМ ОБЕЗБЕДУВА ПОДДРШКА НА МИГРАНТИТЕ И БЕГАЛЦИТЕ

Во текот на целата година Црвениот крст на Рeпублика Македонија обезбедува интензивна поддршка за мигрантите и бегалците кои транзитираат низ Република Македонија кон западно европските земји. Активностите на Националното друштво се спроведуваат од страна на околу 200 волонтери и вработени кои континуирано обезбедуваат поддршка за мигранти и бегалции во прифатните центри во Гевгелија и Табановце. Активностите на Црвениот крст на Република Македонија се поддржани од повеќе домашни и меѓународни донатори.

Поддршката на Националното друштво за мигрантите е во форма на обезбедување на храна, хигиенски пакети, прва помош, воспоставување на семејни врски и друго.

Сакаме да Ве информираме дека во текот на месец декември 2015 година и јануари 2016 година на мигрантите ќе им се дистрибуираат 15 000 пакети со прехрамбени продукти обезбедени од страна на народот на Јапонија во рамките на имплементацијата на Апелот за поддршка на мигрантското население на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Во таа насока Црвениот крст на Република Македонија изразува посебна благодарност до народот и Владата на Јапонија за обезбедената поддршка.

Црвениот крст на Република Македонија продолжува да ја следи состојбата со мигрантите и редовно ги имплементира предвидените активности за поддршка на оваа целна група во соработка со партнерските организации.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025