Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ЦРВЕН КРСТ НА РМ ОБЕЗБЕДУВА ПОДДРШКА НА МИГРАНТИТЕ И БЕГАЛЦИ

2015-12-28

ЦРВЕН КРСТ НА РМ ОБЕЗБЕДУВА ПОДДРШКА НА МИГРАНТИТЕ И БЕГАЛЦИ

Црвен крст на Рeпублика Македонија во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина активно е вклучен во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.

Црвен крст на Рeпублика Македонија на двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце е на терен 24 часа со 11 мобилни тима во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.

Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 176, кои се составени од вработени, лекари и пaрамедици, членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.

Црвен крст на Рeпублика Македонија во период од 14-27 декември дистрибуираше: 9 120 шишиња вода за пиење, 1 941 пакети со прехрамбени продукти, 410 пакети со хигиенски средства, 782 парчиња пелени за бебиња, 765 чоколадно млеко, 1 592 ќебиња, 801 јакни, 3 110 порции чај, 1 250 порции супа и на 5 999 лица им беше укажана прва помош.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025