јануари 11, 2016

ЦРВЕН КРСТ НА РМ ОБЕЗБЕДУВА ПОДДРШКА НА МИГРАНТИТЕ И БЕГАЛЦИ

Црвен крст на Рeпублика Македонија во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина активно е вклучен во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.

Црвен крст на Рeпублика Македонија на двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце е на терен 24 часа со 11 мобилни тима во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.
Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 206 кои се составени од вработени, лекари и пaрамедици,  членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.

Црвен крст на Рeпублика Македонија во период 04-10 јануари дистрибуираше: 8 954 шишиња вода за пиење, 1 132 пакети со прехрамбени продукти, 418 пакети со хигиенски средства, 1 298 парчиња чоколадно млеко, 1 277 парчиња шал,капа и ракавици, 525 јакни, 323 чизми, 3 746 порции чај, 2 392 порции супа и на 3 220 лица им беше укажана прва помош.

< врати се назад