Црвен крст на РМ обезбедува поддршка на мигрантите
Црвен крст на Рeпублика Македонија во соработка со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) на двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце е активно вклучен на терен 24 часа со 9 мобилни тима во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.
Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 135, кои се составени од вработени, лекари и пaрамедици ,членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.
Црвен крст на Рeпублика Македонија во период од 13 до 19 октомври дистрибуираше: 20 108 шишиња вода за пиење, 1 188 пакети со прехрамбени продукти, 436 пакети со хигиенски средства, 322 парчиња пелени за бебиња, 155 кутии бисквити, 55 пакети за бебиња, 100 кутии млеко за бебиња, 127 шишиња за бебиња,2 176 ќебиња, 64 вреќи за спиење, 288 кутии со двопек, 601 парчиња чоколадно млеко, 125 пакети за прва помош, на 7 772 лица им беше укажана прва помош и 62 лица се траспортирани до болница.