октомври 5, 2015

Црвен крст на РМ обезбедуваа поддршка на мигрантите

Црвен крст на Рeпублика Македонија во соработка со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) на двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце е активно вклучен на терен 24 часа со 9 мобилни тима во поддршката на мигрантите  кои транзитираат низ нашата земја.

Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 135, кои се составени од вработени, лекари и пaрамедици ,членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.

Црвен крст на Рeпублика Македонија во период од 28 септември до 05 октомври дистрибуираше: 20 089 шишиња вода за пиење, 3 077 пакети со прехрамбени продукти, 159 пакети со хигиенски средства, 146 парчиња пелени за бебиња, 131 пакети за бебиња, 2 295 ќебиња, 77  кутии со бисквити и на 5 783 лица им беше укажана прва помош.

< врати се назад