Црвен крст на РМ обезбедуваа поддршка на мигрантите
Црвен крст на Рeпублика Македонија во соработка со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) на двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце е активно вклучен на терен 24 часа со 9 мобилни тима во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.
Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 135, кои се составени од вработени, лекари и пaрамедици ,членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.
Црвен крст на Рeпублика Македонија во период од 05-12 октомври дистрибуираше: 24 965 шишиња вода за пиење, 697 пакети со прехрамбени продукти, 129 пакети со хигиенски средства, 175 парчиња пелени за бебиња, 56 пакети за бебиња, 116 кутии млеко за бебиња, 2 580 ќебиња, 236 кутии со бисквити, 72 кутии со двопек, 136 чоколадно млеко, на 7 815 лица им беше укажана прва помош и 19 лица се траспортирани до болница.