август 31, 2015
ЦРВЕН КРСТ НА РМ ОБЕЗБЕДУВА ПОДДРШКА НА МИГРАНТИТЕ
На 31.08.2015, мобилните тимови составени од лекари, парамедици, логистика и волонтери обезбедуваа поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. При тоа на 464 лица им беше укажана прва помош и беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 1229 шишиња вода за пиење , 47 пакети со хигиена, 21 пакети со храна, 28 пакети за прва помош и 12 пакети за бебиња.