Црвен крст на РСМ – Црвен крст на град Скопје објавува: Оглас за вработување
Ангажманот е во рамките на проектот „„Поддршка за инклузивен развој на услуги за долгорочна грижа во заедниците преку инкорпорирање на партиципативни пристапи на различни чинители“ (InCARE) “, поддржан од Европската комисијa.
Црвениот крст е во потрага по вработени лица чија главна одговорност ќе биде пилотирање на сервисот Итно Копче (ИК) на територија на градот Скопје, наменет за 50 постари мажи и жени кои ќе бидат избрани како корисници за новововедената услуга.
Итното копче ќе претставува 24/7 услуга, која корисниците од постарата популација ќе може да ја користат во своите домови, преку притискање на аларм уредот, предвиден да го носат на себе, секогаш кога ќе се најдат во состојба која што не е животозагрозувачка, но е доволно сериозна и има потреба од итност, прва помош и поддршка ( повреда, скршеници на екстремитети, случаен пад, крварење на рана, повреди при изгореници, итни медицински состојби, алергиски реакции и сл.). Преку уредите ќе бидат во можност да стапат во комуникација со Операторите од Контакт центарот, со што ќе добијат брз и ефикасен пристап до соодветна поддршка и помош, од страна на стручни лица и Спасители при Итен Случај на ЦКРСМ. ЦКРСМ ќе воспостави ефикасна услуга за Итно Копче и истата е инспирирана од австриските и швајцарските искуства за ефикасно работење на услугите за грижа на постарото население
Рок за аплицирање: до 01.07.2022
- Назив на работното место: Телефонски оператор- работа во 3 смени – 24/7 (познавање на албански јазик ќе се смета за предност)
Работни задачи:
- Следење на насоки на Проектен службеник
- Теренски активности по потреба
- Тековна работа во софтвер наменет за оваа услуга
- Обезбедува поддршка за корисници
- Го презема итниот повик и прави основна проценка по телефон (доколку е возможно)
- Креира задача во системот за корисници и дава забелешки и насоки до спасителот при итен случај
- Алармира кај спасители, медицински професионалци и други медицински установи (Брза помош) , доколку е потребно
- Обезбедува дополнителна поддршка на спасителите при итен случај и е контакт точка за сите спасители
- Води документација
- Други обврски согласно проектните активности
Квалификации:
- Диплома за завршено средно образование
- Способност за работа во 3 смени;
- Способности за планирање и организација;
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
- Користење на софтвер со претходно обезбедена обука;
- Сензибилитет за работа со стари лица и лица со попреченост
- Ангажманот предвидува потпишување договор за работа до 11.2023 година.
Инструкции за аплицирање:
Најдоцна до 01.07.2022 година заинтересираните кандидати треба да достават:
– Детална биографија на skopje.proekti@redcross.org.mk со назнака за работната позиција за која аплицира
Само кандидати кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на индивидуално интервју, во рок од 5 дена по затворање на конкурсот.