Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Црвен крст на РСМ донираше донација во вредност од 320.000 евра

2021-06-07

Црвен крст на РСМ донираше донација во вредност од 320.000 евра

По повод Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина како и Денот на осамостујувањето на Црвен крст на Р. Северна Македонија кои се одбележаа минатиот месец, Црвен крст на РСМ донираше триесет и пет неинвазивни респиратори со комплетна помошна опрема како и проспекти и видео обука за нивно користење од Швајцарската фирма BCD microtechnique SA во вредност од 320.000 CHF на Министерството за здравство.

Добиените неинвазивни респиратори ќе бидат распределени во Делчево (3), Струмица (4), Велес (5), Охрид (4), Кавадарци (2), Битола (5), Јасеново (2), Неготивно (2), Кичево (3), Гевгелија (3) и Кочани (2).

Дополнително  Црвен крст донираше 60 медицински наткасни, шеесет постелнини, средства за дезинфекција и хигиена за Kлиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ)

Ова е уште еден доказ дека парнерството и соработката со Министерството за здравство продолжува и понатаму. Чувството и амбицијата на Црвениот крст за покажување општествено одговорна компнента е тука. Ќе продолжиме и натаму бидејќи цениме дека треба да бидеме блиску до сите институции бидејќи со нашите капацитети може да помогнеме за подобар одговор на сите предизвици што ги предизвика КОВИД-19.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025