октомври 19, 2022

Црвен крст отвори Центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка

На ден 19.10.2022 година Црвениот крст на Република Северна Македонија отвори Центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка. Клучните приоритети на Центарот се да развиваат програми наменети за  едукација  на пошироката јавност, дестигматизацијата на менталното здравје и зајакнување на резилиентноста на заедницата. Покрај овие програми ќе се обезбеди  советодавна поддршка и врсничка едукација за важноста на менталното здравје, како и ќе бидат организирани тренинг едукации за сите институции – чинители во кризниот менаџмент на државата.

На отворањето на Центарот за ментално здравје и психо – социјална поддршка присуствуваа претседателот на Црвениот крст на РСМ г-дин Ромел Велев, сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, министерката за труд и социјална политика г-ѓа Јованка Тренчевска, министерот за здравство, г-дин Беким Сали и други волонтери, соработници и партнери од различни институции.

Присутните ги поздрави генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија г-дин Саит Саити каде истакна дека со отворањето на Центарот воспоставуваме систем базиран токму на тие потреби а при тоа негувајќи релации со релевантните државни и општествени чинители. Исто така сакаме да истакнеме дека нашата волонтерска мрежа ја зајакнавме преку обука на повеќе од 350 волонтери како провајдери на Психолошка Прва помош и други услуги од областа на менталното здравје.

 

< врати се назад