мај 15, 2017

Црвениот крст извлече две исчезнати и две повредени лица на Водно

Граѓаните ги привлече сончевото и топло време да излезат и да прошетаат и рекреираат на Водно. Но, овој викенд тимот за спасување на планина при Црвен крст од планинската станица на Водно имала неколку интервенции. 

Во рамки на нивните редовни дежурства, тимот третирал две физички повреди и спасил две загубени лица.

Тимот третираше фрактура на десна подлактица при пад од велосипед на асфалтен пат на еден ученик како и санирање на подлабока посекотина на десна нога на друг ученик. Тимот беше вклучен и во потрага на две изгубени лица кои по лоцирањето беа безбедно извлечени со јажиња од тешко прооден и недостапен терен за движење и искачување.

< врати се назад