декември 16, 2015

ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДОДЕЛИ ″ПЛАТИНЕСТ ЗЛАТЕН И БРОНЗЕН ПОДДРШУВАЧ″

Признанија ″Платинест поддржувач″ ″Златен поддржувач″ и ″Бронзен поддршувач″ ˝ во знак на благодарност на партнерите и соработниците за остварената плодна соработка и поддршка, беа доделени од страна на Црвен крст на Република Македонија на официјалната свеченост која се одржа на 16.12.2015 година во 11:30 часот во просториите на Црвен крст на Република Македонија.
Пред доделувањето на признанијата свое обраќање имаше г-дин Саит Саити – генерален секретар на Црвен крст на Република Македонија кој истакна дека: оваа година, кога одбележуваме 70 години од формирањето на Црвениот крст на РМ и 50 годишната примена на основните принципи на Меѓународното движење, по четврти пат во континуитет Црвениот крст ќе додели признанија на компании во знак на благодарност за обезбедената партнерска соработка и поддршка на општествено корисни социјални програми.

Годинава доделуваме признанија на седум компании со кои бележиме заеднички хуманитарни вредности преку имплементација на проекти од општествен интерес. Голема благодарност до компаниите и врвните менаџери, на кои на настанот ќе им доделиме признание на Црвениот крст: „Платинест поддржувач“ на ЕВН Македонија АД Скопје, признанието „Златен поддржувач„ на компаниите Алаклоид АД Скопје и ПроКредит банка, како и „Бронзен поддржувач“ на компаниите: Стопанска банка АД Скопје, Трансмет, Студио Модерна и Рамстор во знак на благодарност за остварување на хуманитарните цели и задачи на Црвениот крст.

Поддршката која ја обезбедува Црвениот крст на Република Македонија од овие успешни компании, претставува позитивен пример, за што се надеваме и останатите големи компании во земјата ќе го следат нивното општествено одговорно работење и во иднина ќе се препознаваат како стратешки партнери во големото семејство на „поддржувачи“ на хуманитарната мисија на Црвениот крст на РМ за ефикасна поддршка и застапување на интересите на ранливото население.

< врати се назад