Црвениот крст на Република Македонија во акцијата за спас планетата Земја
Деветта година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција Часот на планетата Земја, кога во 20:30 часот по локално време, во период од еден час во мрак ќе потонаa над 180 земји и 7000 града ширум светот. Четврта година дел од акцијата е и Црвен крст на Република Македонија
Како што акцијата ќе патува низ часовните зони, милиони луѓе ширум светот преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час испратија порака за спас на планетата Земја, заеднички да влијаат на климатските промени, но и да ги освестат луѓето за проблемот поврзан со намалување на биодиверзитетот!
За таа цел, оваа година имаше повеќе активности под мотото „Поврзи се со планетата“. Една од тие е дневниот настан кој се одржа на 24 март насловен „Дрвца за планетата Земја“ преку кој беа засадени илјадници дрва во скоро сите локации одредени од локалните самоуправи како најкритични.
Оваа година имаме рекорден број на локации кои потонаа во мрак за Часот на планетата Земја, односно преку 80 локации потврдени низ целата република. Во централното градско подрачје, со поддршка од Град Скопје, во мрак потонаа Плоштад Македонија со спомениците, Порта Македонија, Улица Македонинја, Камениот мост, Скопската тврдина, Македонскиот народен театар, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, објектот на АЕК, Колонада, Јавното обвинителство на Република Македонија, Министерството за надворешни работи, плоштадот Мајка Тереза и Филип Втори, Мостот „Око“ и Мостот на уметноста. Во Охрид во мрак потонаа црквата Свети Јован Канео и Самуиловите тврдини, во беше организиран и ноќен маратон на 5 километри, а во Пехчево во мрак потона и единствената адреналинска патека во Македонија. Слични активности се реализираа и во знаменитостите на градовите Берово, Демир Хисар, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Крушево, Куманово, Охрид, Прилеп, Радовиш, Ресен, Струга, Струмица, Велес и други.